687
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не ги криеше разочарувањето од новиот пораз на Македонија против селекцијата на Украина.
И покрај што одбрани пенал, Димитриевски жали што не успеал да донесе бодови за нашиот национален тим.
„Првото полувреме беше послабо, но во второто полувреме одигравме на едно повисоко ниво. Штета што не успеавме да постигнеме и втор гол. Не сум задоволен, иако одбранив пенал. Жал ми е што не помогнав на екипата за да дојдеме до првиот бод. Треба да се бориме до крај“, истакна Димитриевски.