Димитриевски најавува победа на следните избори: Дојде време на граѓанинот!

by Фокус

Актуелниот градоначалник на општина Куманово и идејниот творец на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски порача дека на следните парламентарни избори ова здружение ќе издвојува убедлива победа.

-Кога и да се изборите, иницијативата „За наше Куманово“ дотогаш ќе се трансформира во државна иницијатива, дали таа ќе се вика за наша Македонија, за подобра држава или било како ќе биде граѓанска иницијатива од граѓаните за граѓаните и ќе учествува на избори без разлика дали ќе има своја официјална регистрација како субејкт или со обезбедување на потписи од граѓаните, а на следните парламентарни избори кога и да се случат ќе издвојува убедлива победа. Конечно после 30 години во независна држава е дојдено време на граѓанинот – рече Димитриевски.

Поврзани новости