Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во интервјуто за Радио Слободна Европа најави дека во септември или октомври ќе биде регистрирано неговото политичко движење во Скопје кадешто ќе се престави целосниот концепт на здружението и ќе се покаже кадровскиот потенцијал.
„Движењето е составено од луѓе кои се докажани во своите професии, но и дополнително луѓе кои не влечат никакви политички опашки и опашки во јавниот живот во државата. Успешни луѓе од својот сегмент на работење и делување. Отворени сме за сите, и за социјалдемократи, и за припадници на ВМРО, и за луѓе коишто биле во други политички партии. Единствено нема простор за оние кои се одговорни за состојбата во којашто се наоѓа Македонија денеска“, вели Димитриевски.
Тој тврди дека има голема опструкција во комуникацијата со одредени државни институции и блокада во одредени постапки, а најмногу критики упати на адреса на неговиот ривал по кумановска линија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, нарекувајќи го МВР -МВРОО.