326
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој е лидер на владејачката ЗНАМ, денеска во својот кабинет се сретна со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин. За средбата информира Димитриевски на својот Фејсбук профил.
„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската Федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“, напиша Димитриевски.