850
Првиот човек на Куманово, Максим Димитриевски во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за историските моменти низ годините наназад на Македонија и Бугарија.
Во однос на ослободувањето на Македонија, градоначалникот на Куманово е дециден за тоа и како што истакна тоа не смее да се негира.
„Генералот Михајло Апостолски убаво ги има опишано сите случувања во своите мемоари. Македонија ја ослободиле Македонците. Тоа е нешто кое не смееме да го негираме“, истакна Димитриевски.