Централната власт со мач удира по локалната власт. Ги цеди граѓаните со даноци и такси, а за возврат не им враќа ништо назад, затоа имате катастрофални реализации на државните буџети од 15% и 20%, а дополнително државата се зајми“, рече градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, во вечерашното гостување во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.
Тој направи паралела дека Куманово во 2017 година собрала 288 милиони денари сопствени приходи, минатата година собрала скоро 400 милиони, а Арачиново собрала 0 денари и добила награда од Владата. Димитриевски посочи дека Арачиново еднаш добила 600 илјади евра, а вториот пат уште еден грант средства директно од Владата во буџетот, потенцирајќи дека тоа е негативен пример и не се помага така.
-Централната власт е таа којашто свесно некои општини ги става во ситуација на стагнација, од аспект на подобност. Тоа мора да се анулира, без разлика кој ќе ја владее државата. Мора да се даде еднаква можност на сите, но не да заборавиме дека треба да има посебен осврт на регионалниот развој, ако доаѓам од североисточниот плански регион не можеме да не го развиеме најнеразвиениот регион со три милиони евра годишно. Државата треба да издвои посериозна сума на пари за да реализираме регионални проекти, да го поврземе Куманово со Кратово, со Крива Паланка, со Старо Нагоричане, со поквалитетна регионална патна инфраструктура – изјави Димитриевски.