Целиот изминат период и покрај тоа што како иницијатива бевме соочени со бројни притисоци, закани, омаловажувања и дискредитации од страна на поединци во власта и лица ангажирани на раководни позиции во локалната власт не потклекнавме и не ја свиткавме кичмата, порачаа вечерва од штабот на независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
-Кичма свиткаа оние политичари кои се обидуваат да ја променат македонската историја и кои не застанаа во нејзина одбрана. А, вечерва од Градскиот плоштад во Куманово граѓаните со малата посетеност на завршниот митинг на СДСМ ја испратија пораката кој е следниот градоначалник во Куманово! За наше Куманово е крикот кој граѓаните го бараат, крик кој во недела ќе добие голема поддршка за иден мандат во Куманово.