Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски во вчерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија потенцираше дека првиот младински центар е отворен во Куманово.
„Во делот на развојот на економијата, со развојот на новата индустриска зона Новини и Речица каде што имаме три нови инвеститори кои купија земјиште не по едно евро метар квадратен како во минатото, туку по 15ипол евра по пат на јавна аукција и тие ќе отпочнат со своите инвестиции. Дополнително, нов погон на Дрекслер Маер во Куманово. Давање на реална можност на младите луѓе, да се отвори можност за бизнис хап-ови каде ќе доаѓаат младите луѓе. Имаме прекрасна локација на градскиот базен, тоа во програмата е ставено да можеме да го имплементираме и да им дадеме можност. Ние го имаме отворено првиот младински центар во Куманово, кадешто младинските организации функционираат. Факт е дека треба на младите да им се даде шанса за да носат одлуки и да одлучуваат. Но, исто така и младите луѓе треба да се борат за тоа. Кога влегов во политика никој не ми даде шанса. Јас влегов заедно со тим на млади луѓе и се борев како што денеска се бори Теодора за тоа и јас се восхитувам на тоа, без разлика што потоа политиката и самото искуство си создава одредени навики за взаемно почитување“, рече Димитриевски.