Димитриевски: Граѓаните самостојно да одлучат

by Fokus

Максим Димитриевски после гласањето порача: Кумановци нека одлучат за иднината во Куманово, граѓаните самостојно да одлучат.

„Го остварив своето право и гласав. Кумановци нека одлучат за иднината на Куманово! Посакувам демократски избори и можност граѓаните самостојно да одлучат“, рече Димитриевски.

Тој е независен кандидат за уште еден мандат во Куманово, а се бори со доскорешната своја партија СДСМ која го кандидираше Оливер Илиевски.

Во првиот круг, разликата меѓу Димитриевски и Илиевски беше само 22 гласа.

 

Поврзани новости