Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски најави поддршка за Африм Гаши да биде претседател на Собрание. Тој пред да влезе во законодавниот дом, каде во тек е конститутивната седница, рече дека очекуваат многу од овој парламентарен состав.
„Верувам дека како потенцијален партнер во идната власт ќе дадеме свој придонес со нашето политичко дејствување бидејќи веќе сериозно разговараме за имплементација на дел од нашите програмски определби во идната владина програма и владин состав.
Димитриевски додаде дека сè уште не се договорени никакви кадровски решенија додавајќи дека за нив во втор план се поделбата на власта и министерските позиции. Во прв план, како што нагласи, е да го исполнат она што го ветиле во предизборниот период.
Им посака успех на новиот собраниски состав, како и на пратениците.