Димитриевски: Го почитувам Црвенковски, но немам разговарано со него

by Fokus

Околу тоа што мисли за слоганот „на 15-ти септември“ , што го изјави поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Бранко Црвенковски и дали се спрема за нови избори, Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово вели:

-Се сеќавам на тој период, беше голема борба. Иако излезе во јавноста дека Црвенковски е вклучен во иницијативата, јас со господинот, кој многу го почитувам, немам разговарано на оваа тема. Иницијативата е отворена за сите. Првично позициите во новата политичка гарнитура ќе ги носат луѓе од образованието, бизнис фелата, образованието, земјоделството… луѓе кои претходно не вршеле политичка функција. Доколку сега излеземе со понуда, ќе излеземе како боксерка вреќа. Овој начин што го работиме во Куманово привклекува внимание. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме деталите, кажа Димитриевски во вестите на Тв Сител.

Поврзани новости