Димитриевски: ДУИ се аздисани, Ахмети пее по кабинети што народот ги плаќа

by Fokus

ДУИ покажува аздисаност од власт и час поскоро сметам дека граѓаните на следните парламентарни избори треба да го казнат за таквото однесување. Во контиунитет се зборува за злоупотреба на државни ресурси. Каде е собирот? Во државен објект. Како дојдоа? Со државни коли. Каде се колите? Ги испокрија по уличките наоколу, ова вечерва го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „10 минути“ на телевизија 21.

Димитриевски потенцираше дека ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен привезок.

-Тоа што тие го манифестираат во континуитет, апсолутно не е за одобрување. Тоа што денеска се случуваше со пеење на песни по кабинети, јас не плаќам даноци и такси за да вие како мој избраник седите во кабинет и пеете, тој кабинет се финансира со пари на граѓаните. Па да пеете доколку граѓаните се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пеат – рече Димитриевски.

Димитриевски го покани Али Ахмети да дојде и да запее во техничкото училиште на албански наставен јазик во паралелките и да ги види условите во кои учат и во техничките паралелки и во СОУ „Сами Фрашери“ и да се реши проблемот, а не проблемот да го решава од избори на избори.

Тој додаде дека ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен приврзок.

Поврзани новости