Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на граѓанската трибина организирана по повод шест месеци од формирањето на здружението „За наше Куманово“, истакна дека корупцијата во последните четири години цвета двојно повеќе за разлика од порано.
-Секојдневно ги слушаме странските амбасади, особено оние најважните, амбасадите од државите членки и стратешки партнери како САД. Дојде новата амбасадорка, претходно во Македонија мека и медина мислиш дека е, и одеднаш рече три збора Македонија е дувло на корупција, дувло на организиран криминал, дувло на злоупотреба од страна на сите во власта.
И се смени плочата кај власта, и сите седат засрамено и велат да така е амбасадорке. Па, зарем требаше да дојде амбасадор на странска држава и да ни го каже тоа? Па дали има поголем срам од тоа седи премиерот, седат министрите, вицепремиерите, сите се гледаат изненадено од страна и си велат „да има корупција“. Абе луѓе, жената ви вели корупцијата е во вас, во владата, во вашите редови, заминете си, одете си, да дојдат нови, одговорни луѓе – рече Димитриевски.
Тој посочи дека секој ден има најави за наводни бомби, а не можат два месеци надлежните институции да откријат кој тоа всушност лажно пријавува.