Ниту еден претставник на ЗНАМ, нема водено никакви разговори за било какви можни коалиции со било кој политички субјелт,изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
На прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје, Димитриевски рече дека ќе ги причекаат изборните резултати во среда по што партиските тела ќе донесат одлука за сите понатамошни чекори.
– До овој момент најодговорно тврдам дека ниту еден претставник на движењето ЗНАМ – за наша Македонија нема водено никакви разговори по основ на било какв можни коалиции со било кој политички субјект. За жал, ние подадовме рака кон раководството на СДСМ со одредени барања за кои тие не успеаја да се надминат себеси и штитејќи ги своите лични интереси ја ставија во залог комплетно социјалдемократијата, а се повикаа на наводно своја социјалдемократија со што не одбија и нас и граѓаните. Немаме разговарано ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со било кој друг политички субјект во државата, рече Димитриевски.
Тој порача дека Владата ќе учествува доколку таму не е ДУИ нема ништо против да биде Коалицијата „Вреди“ со која соработува на локално ниво, ги исцрта „црвените линии“ за заштита на националните интереси, идентитет, јазик, култура и наследство во текот на сите фази од евроинтегративниот процес.