762
Кога го виде видеото од лидерот на ДУИ како пее, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го повика Али Ахмети да оди да запее во техничкото училиште и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово и да види во какви услови учат учениците Албанци.
Димитриевски ја обвинува власта бидејќи не го решила овој проблем.
Според него, недостига волја, бидејќи доколку имало такво нешто, дислокацијата и новиот објект за гимназијата Сами Фрашери и за техничкото училиште, паралелки на албански јазик одамна ќе беа направени.