Денеска се соочуваме со реалноста во Парламентот кадешто никој никого не почитува, кадешто Парламентот го спуштија на дното, каде што се на селфи слики се надмудруваат кој поголема глупост ќе каже, рече кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на денешниот протест во Куманово по повод „францускиот предлог“.
-Па за тоа ли ве биравме? За тоа ли ви дадовме мандати? Кој ти дава за право да одлучуваш за тоа мојот и вашиот дедо бил, кој ти даде за право да го ставиш јазикот и писмото во Устав? Дали постои држава кадешто за тоа се разговара? – праша Димитриевски.
Тој додаде дека во Македонија живеат граѓани кои се непокорни.
-Затоа, немојте да им чепкате по генот, никој тоа не ви го дозволува! Ние во Европа сме и ние во Европската Унија ќе влеземе со крената глава како Македонци кои говорат Македонски јазик, со сите останати народи кои живеат во Македонија, а примерот за соживотот го испраќа вечерва Куманово одовде и во многу прилики досега тоа е потврдено – рече Димитриевски.
Тој побара Димитар Ковачевски да го објави протоколот.
-Па, дали и во тој протокол којшто пред неколку дена беше објавен на бугарските медиуми, а вие до овој момент од власта никој почнувајќи од тебе Ковачевски, завршувајќи до Османи не го негиравте. Има ли некои обврски во тој протокол кој кадешто има обврска за другата, за страната на Бугарија? Или само тоа ние кога нашите деца ќе одат во септември во училиште претходно ќе ги испраќале на реевидирање коишто тие ги учат? Па постепено ќе дојдеме до ниво, на тоа нивното дека ние наводно сме потекнувале од бугарски народ! Абре Димче, па не ли ти е јасно дека од Македонец Бугарин не бива – рече Димитриевски.