Димитриевски без коментар по оставката на Заев

by Fokus

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев синоќа по изборните резултати поднесе оставка од двете функции кои ги извршува.

Ваквата одлука за првиот човек на СДСМ не сакаше да ја коментира реизбраниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.

„Не сакам во овој момент да ја коментирам оставката на Заев, затоа што се уште ги немам прочитано сите вести, дури ја немам слушнато во целост ни оставката. Можам само да кажам дека СДСМ е силна политичка партија којашто многупати се наоѓала во криза и знаела успешно да излезе од таа криза. Но, тоа што е најважно да се даде можноста на реалниот и вистинскиот социјалдемократ во СДСМ да одлучува, бидејќи сведоци сме дека овој временски период како практикуваме власт всушност голем број на луѓе кои дојдоа на многу високи и истурени позиции во партијата всушност се далеку од идеологијата која ја застапува програмски и статутарно партијата. Во ниту еден момент не сум бил против партијата, бев против поединци во партијата којашто ја имаат узурпирано“, рече Димитриевски во Утрински брифинг.

Поврзани новости