СДСМ преку СЈО сака да ја урне ВМРО-ДПМНЕ, изјави техничкиот премиер и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев по денешната прес конференција на СЈО.
Според него, не било фер СДСМ да има свои простории наследени од поранешната комунистичка партија, а ВМРО-ДПМНЕ да нема простори за функционирање.
– Централниот штаб е изграден по постапка, секој можел да се јави за изградба на објект кој е дозволен согласно ДУП. ВМРО-ДПМНЕ нема добиено донација како што објави СЈО. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат јасно законско право за уплата на сметка на партијата. Не сме во можност да имаме контрола на тоа кој уплаќа, но сме благодарни на секоја уплата. Тие уплати сме ги користеле за партиски потреби. Уплатите на партиската сметка во 2014 година биле реализирани во период од 202 дена, односно во текот на цела година, на име чланарини и донации. Членовите не смеат да се чувствуваат навредени, ова е обид да наметнат чувство на вина. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вие сте луѓе домаќини. Ова е безобразен обид да биде скршена Македонија, правдата ќе победи – порача Димитриев.