Зголемување на довербата меѓу двете земји за надминување на отворените разлики, било главна тема на разговор на денешната средба меѓу шефот на грчката диплиматија Никос Коѕиас и премиерот Емил Димитриев.
На средбата Димитриев ја истакнал потребата од пронаоѓање сфери и области што ќе придонесат за зближување на двете држави и за воспоставување билатерални соработки.
-На двете земји потребни им се чекори кои ќе значат решенија за иднината, наместо решенија за минатото – порачал Димитриев.
Спорот со името не беше тема на разговор на оваа посета на Коѕиас. Тој порача дека наместо за спорови, време е барем еднаш земјите да зборуваат за соработка.
Шефот на грчката дипломатија демантира дека посетата пред избори, а претходно и неговото вето во ЕУ за обидот да се воведат санкции за Македонија, значат поддршка на актуелната власт во земјава. Тој вели дека е дојден на „покана од пријателска земја”.