Техничкиот премиер Емил Димитриев денеска излезе со став дека ако нема избори на 24 април, тогаш неговата влада го губи легитимитетот и во тој случај треба да се врати владата на Никола Груевски.
-Мандатот на оваа влада е за организирање на избори, ако нема избори во тој случај се доведува во прашање целисходноста од нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада, Ако нема избори, треба да се врати владата која имаше легитимитет од граѓаните, напиша Димитриев на неговиот Фејсбук профил.
Тој смета дека со најновите случувања се доведува во прашање целисходноста на функционирањето на неговата влада.
-Техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение, не само во поглед на квалитетот на нејзиниот легитимитет, кој што е природно е да извира од граѓаните, туку и во поглед на спроведувањето на политиките, смета Димитриев.