Извештајот на Меѓународниот монетарен фонд со прелимираните наоди кој беше објавен на крајот на спроведената Мисија за член 4 за состојбата во земјата, најдобро ги отсликува политиките што ги спроведуваше Владата на СДСМ/ДУИ и она што го оставија за новата Влада да се справува и да наоѓа начин тоа да го корегира, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
„Додека ме напаѓате по различни основи, јас работам со факти кои за жал на сите нас се многу тажни.
Извештајот на ММФ говори за погубните политки кои изминатата влада на СДС/ДУИ ги спроведуваше без око да им трепне.
Јавниот долг поради нивното неразумно трошење достигна едно катастрофално ниво, па владата на ВМРО-ДПМНЕ мораше да прави чуда задолжувајќи се со кредит со најниски стапки во историјата на државата и да “гаси пожари” буквално на сите “фронтови”, додека земјите од регионот успешно се консолидираа и го контролираат нивниот јавен долг. Воедно, ниското ниво на капиталните расходи во времето на СДС/ДУИ направија да имаме лоши оценки и во тој дел, а немаме никаква реализација на ниту еден проект од тоа време.
Затоа, следен пат кога немате аргументи немојте да ми извртувате зборови. Ако сакате да бидете конструктивна опозиција треба да разговараме со факти, без оркестрирани лаги и лажната емпатија кон своите сопартијци“, стои во објавата на нејзинот ФБ профил.