Владата го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија.
-Во пресрет на утрешната средба, Министерството за надворешни работи го достави предлогот на Комисијата до Владата на Република Северна Македонија, која го назначи Димитар Љоровски за член на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, соопшти денеска МНР.
Како што истакнуваат од МНР, Љоровски е именуван за нов член на Комисија согласно со неговата експертиза и препораките на Комисијата за соодветни покривање области од нивната работа.
Димитар Љоровски е историчар и професор во Институтот за национална историја – Скопје.