Поп пејачот и виолинист Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина добија син. Ова е второ дете за парот, кој веќе го има синот Михаил.
Новороденчето пак, го крстиле Гаврил, а среќниот татко ја сподели убавата вест на социјалните мрежи со зборовите – Добредојде сине Гаврил, да си ми здрав, жив и благословен, да се радуваме заедно цел живот.
Андоновски е познат на јавноста со години наназад, бидејќи уште како дете започна да настапува на детските музички фестивали. Периодов е редовен гостин во познат комплекс во неговата родна Битола, каде има настапи.
Лани во септември беше кандидат за член на Совет на Општина Битола, на листата на СДСМ.
Тогаш за ,,Фокус” изјави дека прифатил да биде дел од советничката листа, бидејќи имал верба дека ќе успее да биде од корист на градот.
-Оние кои добро ме знаат, знаат дека сум домаќин човек, и секогаш се борам за општото добро на сите, раскажа тогаш музичарот кој сепак не успеа да стане советник.
Вики Клинчарова