Дилерите на дрога и оружје завршија во притвор – робата ја криеле во Сингелиќ и Арачиново

by Fokus

Скопскиот суд доцна синоќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање.

Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на специјалците, под истрага за неовластена трговија со дрога и оружје се 18 лица. Тие, робата ја набавувале од Албанија и Косово, а ја криеле во Сингелиќ и Арачиново. Двајца од осомничените се сопственик и управител на стрелиште и нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето.

Поврзани новости