Дилер затекнат дома со марихуана и екстази

by Fokus

На 11.10.2023 во 14.10 часот на ул.„Младинска“ во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе го лишиле од слобода Б.М.(18) од Свети Николе. Тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе.

Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети екстази и пари. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости