512

Синоќа два часа после полноќ, на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот А.Х. од Дебар.
Кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин.
- Advertisements -

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.