ДИК со нова веб- страна

by fokus

Новата веб страна на Државната изборна комисија, ДИК, како што е најавено, од денеска ќе биде во функција. Таа е дел од проектот за поддршка на изборни реформи на Швајцарската амбасада, односно Швајцарска агенција за развој и соработка.

Новата веб страна ќе има поедноставен приказ на содржините што ќе бидат систематизирани во неколку области и тоа дел за гласачите, за учесниците во изборниот процес, за медиумите и дел за изборните органи. Дизајнот е едноставен и лесно пристапен кој ќе овозможи брз и едноставен пристап на сите заинтересирани околу изборниот процес.

„Интересна новина што го воведуваме за прв пат е календар за активности каде што на секој датум има ставено наши обврски согласно роковникот за спроведување на Локалните избори 2021 година. Особено важност на оваа веб страна е тоа што истата ќе биде приспособена за гласачите со попреченост, односно страна ќе има дополнителни пристапни алатки кој ќе олеснат пристапот и прегледот на содржините на овие лица“, изјави вчера членот на ДИК Бобан Стојаноски.

Државната изборна комисија вчера го усвои Предлог стратешкиот план за информатичка технологија, односно одлуките за доделување парични средства за општинските изборни комисии за организирање на локалните избори на 17 октомври годинава и за заштита од ковид-19.

Поврзани новости