ДИК се предомисли, за важечки ќе се сметаат само ливчињата со печат

by fokus

Државната изборна комисија на денешната сдница ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори.

Предложената измената, која сега е поништена, предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во оваа ситуација за важечки ќе се сметаат само ливчињата со задолжителен печат.

Од ДИК објаснија и дека предложената измена донесена вчера, произлегува од пресудата на уставниот суд да прогласи ливчиња без печат за важечки, поради што на едно избирачко место во Шуто Оризари ќе има прегласување. Втор круг од локалните избори ќе има во 44 општина, а покрај во Шуто Оризари, прегласување ќе има и на едно избрачко место во Дебар.

Поврзани новости