ДИК: СДСМ води во 39 општини, ВМРО-ДПМНЕ во 15

by fokus

Според првичните резултати од ДИК со пребројани 14,22 отсто од гласовите ВМРО-ДПМНЕ води во 15 општини, а СДСМ во 39 општини.

Според СДСМ, Петре Шилегов е во благо водство пред Коце Трајановски. Според податоците на ДИК, од пребројани 4 избирачки места за кандидат за градоначалник на Скопје во благо водство е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов.

ДУИ води во четири општини.

По преборени 14,22 отсто од гласовите, во Битола води Наташа Петровска со 61,98 отсто во однос на Зоран Илиоски со 32, 81 отсто, во Богданци води Блаже Шапов од СДСМ со 65,83 отсто во однос на Никола Роглев – 32,66, а во Гевгелија води Сашо Поцков од СДСМ со 56,67 отсто во споредба со Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ со 39,76 проценти. И во Куманово води Максим Димитриевски од СДСМ со 62,64 во споредба со Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 28, 06.

Во Велес засега во благо водство е кандидатот на СДСМ Аце Коцевски со 48, 98 во однос на Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 46,27, а израмнето е во Ѓорче Петров меѓу Александар Наумовски од СДСМ и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Гази Баба во благо водство е Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,03 во однос на Борис Ѓорѓиевски од СДСМ – 44, 75, а во Штип води Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со 60 проценти во однос на Благој Бочварски од СДСМ – 33.

Во Тетово, Теута Арифи води со 29,54 во споредба со Биљаљ Касами од БЕСА со 26, 52.

За другите општини засега нема објавени податоци.

Поврзани новости