80
Државната изборна комисија (ДИК) денеска почна со разгледувањето на 27 приговори поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај.
За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
Засега е прифатен еден приговор на ВЛЕН, а се однесување за гласањето на избирачкото место 2102 во Желино. А, како што пишува во приговорот, тој е поднесен бидејќи 110 гласачи кои го оствариле избирачкото право немале отпечаток од прст во фингер принт уредот, туку тие гласале само по матичниот број и скенирање на личната карта.
Во ова избирачко место гласањето ќе се повтори бидејќи ДИК утврди и дека во гласачката кутија има едно ливче повеќе.