ДИК: Потребниот цензус ќе се достигне, до 17 часот гласале 38,23%

by fokus

На два часа до затворањето на избирачките места, поточно до 17 часот, на гласање излегле 665.975 граѓани, или 38,23 % од избирачите.

Најголема излезеност има во општините Крива Паланка, Гевгелија, Градско, Делчево, Демир Капија, Карбинци, Кочани, Кратово, Вевчани,Валандово, Аеродром, Битола, Богданци, Крушевои Прилеп.

Најмала излезеност пак има во Арачиново, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар и Липково.

Од ДИК најавија дека потребниот цензусот ќе се надмине.

-Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус, рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

Поврзани новости