440
Државната изборна комисија ќе оддржи седница после вторник, когa опозицискиот лидер Зоран Заев во Универзалната сала ќе ја објави втората „бомба“ од серијалот посветен не изборните нерегуларности.
– Да почекаме да чуеме се што има опозицијата да каже, а потоа ќе свикам седница – вели во изјава за Слободен печат претседателот на ДИК Никола Рилковски.
Во интервју за ББС Заев изјави дека ќе докажат како се правел притисок врз гласачи и се купувале гласови, но и изборен криминал со лажни лични карти.