735
Државната изборна комисија на денешната седница донесе решение за повторување на гласањето во избирачкото место 2901, ОУ „Иднина“ во општина Чаир.
Врз основа на одлуката на Управниот суд, кој ја поништи претходната одлука на ДИК, на 12 ноември во Чаир ќе има прегласување во оваа гласачко место.
Инаку на избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, запишани се 719 гласачи што е повеќе од доволно да се сменат крајните резултати за градоначалник на оваа општина.