691
На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13:00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).
ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.
– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се соопшти утрово ДИК.
Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.