710
Одѕивот на гласачите до 11:00 часот според податоците на Државната изборна комисија кои се објавуваат на страницата rezultati.sec.mk е 15, 33 отсто, односно до 11 часот на 3.297 гласачки места, своето гласачко право го искористиле 278.075.
Сепак, процентот на излезност и бројот на оние кои гласале постојано се менува, како што пристигнуваат и се обработуваат во ДИК.
Оттаму и разликата во бројките кои на прес-конференцијјата во 11.30 часот ги соопшти претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, односно дека излезноста до 11 часот е 11%.
Како што кажа Деркоски до тој момент биле обработени податоците од 3 134 избирачки места од вкупно 3 480, во сите шест изборни единици до 11 часот излегле 199 495 граѓани.