Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Силјановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Република Северна Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Силјановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.
Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.