ДИК го продолжи рокот за пријавување на гласачите од дијаспората

by Fokus

Државната изборна комисија го продолжи рокот за пријавување на гласачите од дијаспората.

Од Обединетата македонска дијаспора вчера се пожалија дека линкот за пријавување не функционира и покажува дека пријавувањето е завршено на 11-ти март. Обвинија за кршење на уставот и изборниот Законик од страна на ДИК и побараа проблемот да биде отстранет, како и да се продолжи рокот за регистрација. Линкот од утрово функционира.

„Пријавувањето на дијаспората требаше да заврши вечерва на полноќ. Заклучно со петокот, за гласање во странство се пријавиле само 1547 лица. Доколку до утре наутро таа бројка не се промени драстично, дијаспората нема да гласа на овие парламентарни избори. За да се организира гласање, треба да има пријавено најмалку 5355 лица, колку што гласови добил пратеникот со најмалку гласови на последните избори“, соопштија од ДИК.

Ноќеска на полноќ истекува и рокот за проверка на избирачкиот список. До сега, преку електронски пат се провериле 22.122 граѓани.

Поврзани новости