ДИК ги потврди кандидатурите на седумте претенденти за функцијата претседател на државата

by Fokus

Државната изборна комисија попладнево и формално ги потврди кандидатурите на седуммината кандидати за иден претседател на државата.

Во трката за претседател и официјално се Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова, која ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи, кој е кандидат на ДУИ, Арбен Таравари, кој е кандидат на опозициските партии на Албанците здружени во коалицијата „Вреди“.

Потоа за претседател на државата ќе се тркаат и актуелниот градоначалник на Куманово – Максим Димитриевски, кандидатката поддржана од Левица, Билјана Ванковска- Цветковска и градоначалникот на општина Карпош – Стевчо Јакимовски.

По потврдата на кандидатурите, најдоцна до 28 март во ДИК треба да се одржи жребувањето со кое ќе се утврди и редоследот на потврдените кандидати на гласачкото ливче.

Дека овие седум кандидати ќе влезат во трката за шеф на државата беше извесно откако сите во предвидениот рок од 23 февруари до 8 март успеаја да ги соберат потребните минимум 10 000 граѓански потписи.

Поврзани новости