ДИК ги почна подготовките за локалните избори, вечерва оддржуваат седница

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва одржува седница на која разгледува повеќе информации и заклучоци како подготовка за претстојните локални избори.

На дневен ред е извештајот за утврдување на состојбата во Избирачкиот список за ставање на јавен увид за одржување на локалните избори на 15 октомври, а ќе се разгледуваат и Предлог јавен повик за сите граѓани за вршење на јавен увид во избирачкиот список и Предлог заклучок за важење и применување на обрасците за спроведување на локалните избори.

На дневен ред е и одлуката за отворање канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа каде што ќе се спроведува јавниот увид и собирањето на потписи за поддршка на листи на кандидати, како и Решение за исплата на трошоци на вработените кои се упатуваат да вршат јавен увид и собирање потписи за листи на кандидати предложени од група избирачи за Локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври.

Членовите на Државната изборна комисија ќе го разгледаат и Предлог – упатство за спроведување на јавен увид во Избирачкиот список и за собирање на потписи за независни листи на кандидати за Локалните избори.

Поврзани новости