ДИК ги отфрли и приговорите од Левица

by fokus

Државната изборна комисија на денешната седница ги одби сите шест приговори на Левица поради тоа што партијата во прилог не доставила материјални докази.

Претставникот на Левица призна дека се работи за пропуст, но објаси дека како помала партија без многу ресурси не можат да ги обучат своите кадри и набљудувачи.

Предходно ДИК со 4 гласа „против“ и 3 „за“ го отфрли приговорот на коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива за избирачкото место 543 во Дебар, со кој се бараше поништување на гласањето на ова избирачко место.

ДИК не го прифати ниту приговорот на движењето „Одлучно за промени“ на ЛДП/ДОМ, а ги отфрли и приговорите на Демократската партија на Турците.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ ги повлекоа своите приговори за гласањето во првиот круг на локалните избори.

Поврзани новости