ДИК ги одреди локациите – кое рекламно пано и билборд каде ќе стои

by Fokus

Со жрепка Државната изборна комисија (ДИК) денеска во рамки на 90-та седница ги распореди локациите за рекламните паноа и билбордите за политичко рекламирање за Изборите за Претседател на државата кои ќе се одржат на 24 април 2024 година.

Претседателот на ДИК – Александар Даштевски информираше дека до ДИК пристигнале понуди од 12 понудувачи за рекламни паноа и билборди кои се поделени во четири пакети.

Пакетите 1 и 2 со до 40 проценти од локациите кои се наменети за партиите од власта и од опозицијата и пакети 3 и 4 со по 10 проценти од локациите, наменети за парламентарните партии кои немаат пратенички групи и вонпарламентарните партии.

– Доколку некоја партија не го искористи вкупниот процент за закуп на рекламни паноа и билборди и локации, останатите политички партии имаат право на закуп.

Максималниот број на рекламни паноа и билборди кои може да се користат за политичко рекламирање изнесува 50% од вкупниот број на територијата на определена општина, градот Скопје, односно на територијата на кое определено правно лице стопанисува со истите за Изборите за Претседател на државата.

Поврзани новости