ДИК ги објави конечните резултати за предвремените локални избори

by Фокус

Државната изборна комисија на денешната седница ги објави конечните резултати од гласањето за градоначалник во општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа, како и за советници во Тетово.

Во Маврово и Ростуше за градоначаник е избран Медат Куртовски од коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводен од СДСМ, а во Центар Жупа – Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците.

На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, СДСМ освоила 1953 гласови и два мандати, ВМРО-ДПМНЕ 3.332 гласови и четири мандати, ДПА 1058 гласови и еден мандат, Алтернатива 1118 гласови и еден мандат, Алијанса на Албанците 777 гласови и ниту еден мандат, Беса 9620 гласови и 12 мандати, ДУИ 8.795 гласови и 11 мандати…

Имало 651 неважечко гласачко ливче, а на изборите за советници во Тетово на гласање излегле 29.690 избирачи – 35,31 отсто.

Поврзани новости