563
Членовите на Државната изборна комисија на денешната седница едногласно го усвоија Предлог-упатството за пријавување и гласање на лица кои се во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 и на лицата на кои им е одредена мерка самоизолација.
По случаен избор, стручни служби на ДИК избираа посебни избирачки одбори, членови и претседател, кои треба на 13 јули да го спроведат гласањето на лицата болни од ковид-19, по еден за секоја општина.
Во оние општини каде има регистрирано повеќе заразени со коронавирус беа избрани по два посебни избирачки одбори.
ДИК на седницата едногласно ги усвои и барањата за акредитации за набљудувачи на овој изборен процес поднесени од ОБСЕ/ОДИХР и од Француската амбасада.