382
ДИК денеска едногласно ги отфрли пратеничките листи на СДПМ на Бранко Јаневски на кои носители беа личности со слични или исти имиња и презимиња како носителите од СДСМ. Сите девет членови гласаа листите да не бидат прифатени.
Во сите шест листи на СДПМ не се наведени датуми за кои избори се однесуваат кандидатурите, потписите на кандидатите во изјавите и во личните карти не се совпаѓаат, кандидат предложен за една изборна единица во изјавата стои во друга изборна единица. Во листите како датум стои 11.05.2016.
Членот на ДИК, Игор Милев побара да биде покрената кривична пријава против Бранко Јаневски.