ДИК: Досега 18 независни кандидати за градоначалници ги собрале потребните потписи

by Fokus

Заклучно со 28 август 2021 година, до 21:00 часот, во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија потребните потписите за учество на локалните избори ги собрале 18 кандидати за градоначалници, а за уште 15 кандидати продолжува процедурата.

Како што соопшти ДИК, во истиот период во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК потребните потписите ги собрале 38 независни групи избирачи, а за 26 продолжува процедурата.

Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК денеска ќе работат до 21 часот, а утре до 24 часот, кога и истекува законскиот рок за собирање потписи.

Поврзани новости