367
Од Државната изборна комисија(ДИК) соопштија дека до 17 часот на избирачкото место 2011 во Теарце гласале 377 лица, или 52,80% од запишаните во избирачкиот список.
Во текот на денешното прегласување не се регистрирани никакви проблеми, со исклучок на 15 минутен прекин утрово. Потоа беа обезбедени нови УВ ламби.
Откако гласаа граѓаните кажаа дека посакуваат да биде подобро за сите националности, Македонци, Албанци, Турци и други.
Во списокот се запишани 714 избирачи.
За споредба на 11 декември, излезноста до 17 часот беше 350 лица.