333
На првата прес конференција ДИК соопшти дека гласале 5,5 отсто од вкупниот број избирачи за референдумот во општина Центар. Иако има гласачки места на кои бројноста е поголема, сепак има и такви места каде што малкумина излегле утринава да гласаат.
ДИК не известува за неправилности и инциденти во текот на гласањето. На терен пак последните час до два се забележува поголема раздвиженост. Споредбено со последните избори во општината, претседателските во 2014-та, до 10 часот имало 10 отсто излезени.
ДИК ја потврди информацијата дека од запишаните 45 затвореници гласале 38.
Наредната прес конференција на ДИК е во 14 часот со резулатите за излезноста до 13.