ДИК денеска на јавна седница ќе расправаат за предлог-одлука за отповикување на донесените одлуки за определување на надоместок за членовите на Државна изборна комисија и вработените во стручната служба за спроведените избори.
– Претседателот и членовите на изборните органи, функцијата ја вршат непристрасно, совесно и одговорно, согласно надлежностите утврдени со Изборниот законик и другите позитивни прописи. Правилникот за утврдување на критериумите за исплата на надоместокот на изборните органи е донесен по распишување на изборите во согласност со определениот буџет одобрен од страна на Собрание на Република Македонија и истиот е објавен на страната на Државната изборна комисија, се наведуваше во вчерашното сооштеное од Државната изборна комисија.
Претходно, амбасадрот на САД, Џес Бејли истакна дека за време на локалните избори, членовите на ДИК земале плус четири плати.