ДИК: Благо водство на Арсовска пред Шилегов, на обработени 17% од гласовите

by fokus

Државната изборна комисија ги соопшти првичните резултати од гласањето за градоначалник во Скопје – со обработени 17 отсто од гласовите, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска има водство со освоени 38,15 проценти од гласовите пред актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Петре Шилегов, кој има 35,26 проценти.

Според претседателот на ДИК, Александар Даштевски, поднесени се 286 приговори за заштита на лично избирачко право. Од нив 19 се одбиени, a 34 ДИК ги оценила како неосновани. 16 приговори се во изработка. На 11 избирачки места каде што беше продолжено гласањето, завршено е два часа по 19 часот.

Даштевски рече дека изборниот процес поминал генерално успешно, но имало и тешки работи за спроведување. Се чекаат записниците од општинските изборни комисии, а поконкретни резултати тој најави за утре.

Даштевски додаде дека ДИК нема конкретна бројка за излезноста на локалните избори, а досега се обработени податоците од 47% од избирачките места на ниво на државата.

Поврзани новости