Финансискиот план на Државната изборна комисија, усвоен пред едне месец, предвидува буџет од 7,5 милиони евра за спроведување од изборите. Без разлика колку партии ќе учествуваат на изборите, буџетот за Комисијата останува ист.
Колку пари ќе се потрошат не зависи од бројот на партиите што ќе учествуваат, туку од други фактори, на пример по која цена се набавуваат потребните материјали, објаснуваат од ДИК.
-Буџетот е предвиден уште пред да се закажат изборите. Но, тоа не значи дека сите пари ќе се потрошат, без разлика колку партии ќе учествуваат. Буџетот покажува дека за да се спроведат избори на ДИК ѝ се потребни толку средства- велат од Комисија.
Инаку, членовите на ДИК за денеска закажаа седница на која ќе одлучуват дали ќе ја продолжат својата работа, откако вчера и формално се потврди дека на избори на кои ќе учествува само листата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.